По неколкумесечна кома почина музичарот Зоран Маџиров

По неколкумесечна кома по тешката сообраќајна несреќа на 49 годишна возраст почина  познатиот музичар Зоран Маџиров. Тој имаше тешка сообраќајна несреќа на  7 октомври 2016 година  на патот Штип – Радовиш, откако со својот автомобил се судри со камион-влекач. По несреќата беше згрижен на КАРИЛ во Клиничкиот центар во Скопје и се наоѓаше во коматозна состојба.

Неговата сопруга Ели Маџиров, која што постојано бдееше над него, во април за Фокус изјави дека се молат за неговиот живот:

,,Вистината е дека мојот сопруг е сеуште во кома, поради тешки повреди на главата. Се молиме за најдоброто’’ – изјави таа.

Зоран Маџиров е роден на 14 јануари 1968 година во Струмица. пораснал во музичкото семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Потоа започал да учи пијано, труби и удиралки. Заминал за Германија, каде што студиите по музика ги продолжил во Минхен и на Универзитетот во Келн.

Го револуционаризирал концептот на соло-перкусионист, свирејќи ги делата на класични композитори, од калибарот на Игор Стравински и на Моцарт. Со триото Les Barons Karamazoff настапил на Скопскиот фестивал 2000 година, каде ја воодушевил домашната публика со своето виртуозно свирење на шишиња, чаши и останати необични инструменти.

Во чест на Зоран Маџиров се потсетуваме на неговите невообичаени настапи низ светот: