Авионот со кој треба да пристигнат ракометарите на Вардар ќе доцни повеќе од час и половина поради одложување на полетувањето.

Град Скопје плати посебен чартер лет за македонските ракометари, но се чекаше на добивање дозвола за полетување од аеродромот во Германија.

Како што сме информирани , во овие моменти би требало чартерот со нашите ракометари да е полетан, а на Меѓународниот аеродром во Скопје треба да пристигнат нешто по 20 часот.

Таму веќе се упатуваат бројни љубители на ракометот и навивачи.

Бројни навивачи на Меѓународен аеродром Скопје

Прославата на плоштадот ,,Македонија“ во Скопје треба да започне некаде околу 21 часот.