По повеќе од 10 години, Општина Центар ја реконструира “Адвокатската улица“, поточно делот кој се наоѓа пред основното училиште “Св. Кирил и Методиј“.

Со комплетната реконструкција на овој дел од улицата, се овозможува безбедно и нормално движење на учениците околу основното училиште, но и на останатите учесници во сообраќајот.

Наредната година ќе се реконструира и останатиот дел од улицата, за кој е предвидено целосно нова фекална, атмосферска и водоводна канализација. Проектот за “Адвокатската улица“ предвидува и мал плоштад, уреден со зеленило и урбана опрема.