По повикот на Рикер ВМРО ДПМНЕ да не опструира, Мицкоски предложи нов Закон за Јавно обвинителство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави нов предлог на Закон за Јавно обвинителство, како одговор на пораката на Филип Рикер , ВМРО ДПМНЕ да не ги кочи суштинските реформи.

Мицкоски предлага решение за статусот на СЈО, но притоа бара обвинителите од ова обвинителство да се вратат во матичните обвинителства по завршување на мандатот.

Ова е спротивно од законското решение предложено од Владата, кое предвидува овие обвинители да продолжат да работат на своите предмети.

Филип Рикер, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија на заедничката прес конференција со премиерот Заев порача владеењето на правото да се применува, а опозицијата да биде конструктивна.

Рикер вчера оствари средба со градоначалникот на Кавадарци, МИтко Јанчев. Денеска разговараше со премиерот Зоран Заев.

Предвидени се средби со претседателот Пендаровски и независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и со претседателот на оваа партија, Христијан Мицкоски.

Веќе оствари средба и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.