По препорака на УНЕСКО палмите во Охрид ќе бидат заменети со автохтони дрвја

За вадењето на палмите не требаше некоја подготовка и затоа почнавме од нив, изјави за медиумите градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Оваа интервенција следуваше по предупредувачкиот извештај на УНЕСКО за состојбата во Охрид како град под негова заштита.

Во извештајот се нотирани бројни забелешки кои го нарушуваат културното наследство на Охрид, кој како град со богата историја, пред неколку децении стана светско култрурно наследство.

Но, за да остане на таа листа, мора да се придржува кон строгите препораки и правила на УНЕСКО.

Со години се предупредува дека ќе го изгуби статусот заради негрижата кон богато историско наследство, менувањето на автхтоноста на градот во повеќе области и загрозувањето на крајбрежјето со градби и дивоградби.

Палмите беа засадени пред неколку години од страна на владата на Груевски. Тој тогаш доби идеја Македонија да ја направи град на држава на палмите и секоја од нив беа платени по 500 евра.

Повеќето се исушија.

Градоначалникот на Охрид најави дека на местото на палмите ќе бидат засадени јавори и јасени, кои се карактеристични за ова поднебје.

Фото: Охридњуз