По пријава на грѓани пајак служба го однесе непрописно паркираното ,,Ферари“ на Перо Антиќ

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, реагираше јавно со фотографии на ФБ страницата ,,Ѕид на сообраќајниот срам“, на која граѓани ,,ловат“ непрописно паркирани и други прекршители на сообраќајни правила.

Имено, автомобилот марка ,Ферари“ на македонската кошаркарска легенда и актуелен претседетел на КФМ, Перо Антиќ, со уште неколку возила беа паркирани непрописно пред влезот на федерацијата.

Градоначалникот Богдановиќ на истата ФБ страница постираше фотографии од отстранувањето на возилата од делот каде не е дозволено паркирање.

Но, изненадуваат коментарите под објавата на ФБ страницата ,,Ѕид на сообраќајниот срам“, кои му даваат поддршка на Перо Антиќ и покрај тоа што е јасно дека е прекршен законот.

На постот е објаснето и тоа дека Антиќ како јавна личност и како некој што неодамна донел кодекс за однесување во федерацијата што ја предводи, прво треба да тргне од себе и да го поправи своето однесување.

Сепак, дел од коментарите го критикуваат објавувачот на постот , па го нарекуваат злобен, љубоморен, дека ќе пукне од завист и слично, а некои одобруваат , но прашуваат кога ќе биде отстранета нелегалната тераса на седиштето на ВМРО ДПМНЕ?!

АКО.мк