По пријава на закупувачи на тезги и граѓани се отстрануваат дивите препродавачи

По претставки од граѓани и закупувачи на тезги од самиот пазар, одделението за Комунални редари започна акција за расчистување на дивите продавачи.

Комуналните редари од Град Скопје и Општина Центар ќе бидат секојдневно присутни и нема да дозволат поставување на импровизирани тезги.