По провокативното однесување на браќата Илиќ отворен повик на социјалните мрежи за нивна ликвидација

Браќата Бобан и Бојан Илиќ од Куманово кои учествуваа во инцидентот и усмртувањето на 4-годишниот Алмир Алиу, го навлекоа бесот на поголем дел од јавноста по нивното непримерно и провокативно однесување по завршување на судскиот процес.

По преквалификација на делото од ,,Убиство со умисла“ во „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, вчера првообвинетиот Бобан Илиќ беше пуштен од притвор, а на излегување и се закани на екипата на ТВ 21 затоа што го снимаа.

Претходно, неговиот брат Бојан по излегување од судница се сврте и на семејството на малиот Алмир му покажа среден прст. По ова социјалните мрежи зовреа, а припадници на албанската заедница отворено им порачаа дека кога не функционира правниот систем, ќе се примени т. н. ,,Закон на Лек Дукаѓини“, односно крвна одмазда:

По ова, со свој коментар денеска излезе и пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири. Тој на својот ФБ профил напиша:

,,Монструми слободно ни шетаат по нашите улици….
Без ПРАВДА МИР ЌЕ НЕМА!!!
Без правна држава ниту држава ќе имаме.
СРАМОТА е најблагиот збор за тие што денеска правда ни делат по нашите судови.
А јас навреме предупредив пред повеќе од месец дена дека вакво срамно и скандалозно сценарио се спрема за случајот на малиот Алмир.

Ќе го пренесам статусот што го напиша денеска Anita Latifi:

Како би ги толкувала судијката Кусигерска:

1. Зборовите на Бобан Илиќ “Сакаш ли да се врату одма у затвор?!”, и
2. Галењето со рака на мерцедесот со којшто е усмртен Алмир?!
Додека му се обраќаше на новинарот на ТВ21 Фуркан Салиу (ПРЕД КАМЕРА) ниту возеше, ниту улицата беше непрегледна – но тој му се закани на Фуркан дека повторно ќе го направи тоа што веќе го направил: УБИСТВО!

ПРЕД КАМЕРА го погали ОРУЖЈЕТО и му оддаде чест како на херој. Го погали својот мерцедес со којшто УБИ ДЕТЕ.

Такви мерцедеси и такви Бобани слободно ќе се движат и ќе не УБИВААТ се додека имаме Јовевски, Кусигерски, Денковски. Се додека нема правда.
А ПРАВДА МОРА ДА ИМА!“-пишува Зекири.

Инаку, Бобан Илиќ обвинет за смртта на 4-годишниот Алмир Алиу, нема да одговара за „Убиство со умисла“, туку за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, бидејќи напоследното рочиште, обвинителката во завршните зборови направи преквалификација на делото.

Таа истакна дека Илиќ извршил сообраќајна несреќа со што ја загрозил безбедноста на пешаците, возејќи со брзина од речиси 40 километри на час. Според неа, Илиќ не го извршил делото со умисла.

 Делото е преквалификувано, бидејќи на почетокот кога било покренато обвинението, доцнеле доказите од вештачењето.

 

Од обвинителството појаснија дека за трагичниот настан постои снимка, од која само еден дел беше емитуван во јавноста, односно само ударот на автомобилот во малиот Алмир. Според информации од таму, на првиот дел од снимката се гледало како Бобан, неговиот брат и девојка, биле физички нападнати, а бил оштетен и автомобилот. Исто така девојката, пред да биде прегазен Алмир, преку телефон повикала полиција барајќи помош и појаснувајќи зошто се исплашени.

Како доказ се приложени и психијатриско вештачење и техничко сообраќајно вештачење, за кои од обвинителството појаснуваат дека имале проблем да ги обезбедат бидејќи првите наредби на обвинителот биле одбиени и тоа од Психијатриската болница Бардовци и Техничкиот факултет во Битола. На крајот вештачењата ги изготвиле Универзитетската клиника за психијатрија и Бирото за судски вештачења. Сепак, овие вештачења биле изготвени откако веќе бил поднесен обвинителниот акт, што значи дека обвинителката го напишала без да ги има предвид сознанијата од вештачењата.

АКО.мк