,,Пријателството помеѓу две земји се негува и со меѓусебна почит на културното наследство. Драго ми е што мојот словенечки колега Borut Pahor денеска се запозна со дел од пребогатата историја на #Охрид. Заедно ги посетивме манастирскиот комплекс Света Богородица Перивлепта, галеријата на икони и црквата Света Софија, која што долг временски период била соборна црква на Охридската Архиепископија“-објави претседаателот Пендаровски.