По силните реакции ,,Комунална хигиена“ ќе го исчисти срамот на студентите и раководството на СД ,,Пелагонија“

На 12.2.2019 (вторник) со почеток во 12.30 часот, ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје ќе започне акција за чистење на енормната количина на насобран отпад во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“, во општината Кисела Вода.

Комунална хигиена реагираше по силните критики на социјалните мрежи и објавата на порталот АКО.мк и на други портали за невидениот однос и срам на станарите на студентскиот дом ,,Пелагонија“ во Кисела Вода кои своето ѓубре наместо да го исфрлат во контејнерите пред, го фрлаат од своите прозорци во дворот зад домот.


Од Комунална хигиена велат дека и покрај фактот дека чистењето на ваквите површини не спаѓа во ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, претпријатието ќе ги спроведе овие активности, со цел да се спречи ширењето на зарази и да се заштити животната средина. 
,,Ве каниме да присуствувате на овој настан во студентскиот дом „Пелагонија“, на којшто директорот на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на општината Кисела Вода, Филип Темелковски, ќе им се обратат на граѓаните со апел за совесно постапување со отпадот и штетноста од создавањето на дивите депонии коишто директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните“-се вели во објавата.

АКО.мк вчера објави дека на Твитер реагираат корисници на социјалната мрежа и ја презеде фотографијата од профилот Дарко од Дојран .

Вчера напишавме дека зачудува како ова не му пречи на раководството на домот. За културата на студентите, кои се нарекуваат акдемски граѓани, може да се каже само-СРАМОТА!

Директор на домот е Бујар Муртезани

Бујар Муртезани

Директорот треба да се грижи за сѐ што се случува во институцијата со која раководи, а не да чека да дојде до ваква страшна ситуација од која може да има далекусежни последици.

Емилија Лазаревска