Три часа траела трескавичната потрага по петте македонски сноубордисти , кои заскитаа во долините на Пирин планина крај Банско. Тие беа извадени синоќа околу 21 часот, а во потрагата и инивното извлекување учествувале десетина специјално обучени трагачи.

Сноубордистите возеле на необележани патеки. Ова е не е првпат деновиве да се губат сноубордисти. Пред два дена беа извлечени неколку тинејџери од Србија, а пред тоа момче и девојче од Бугарија загинаа, откако врз нив падна лавина. Сите скијале на диви патеки во околината на Банско.