По 16 години е уапсен најбараниот бегалец во Европа обвинет за сурово убиство

Кристофер Гес Мор, еден од најбараните бегалци во Европа, обвинет за сурово убиство и мачење во Велика Британија, е уапсен по 16 години бегство и криење.

Како што бренесува Би-Би-Си, 41 годишниот Мор, ја напуштил Велика Британија во 2003 година по свирепото убиство и мачење извршено врз Брајан Вотерс, и тоа пред очите на неговите две полнолетни деца.

Мор е уапсен во Валета, Малта, и во тек е процес на за негово испорачување во Лондон.

Кристофер дошол на фармата на убиениот Вотерс, кој имал полиња со марихуана и барал од него пари. Потоа со тројца соучесници, осудени веќе на доживотен затвор, го заврзале за столица и три часа го мачеле да признае каде се парите.

На телото на Вотерс се пронајдени 123 рани од мачењето и тепањето.