По 16 години разрешен Благоја Менковски

Командирот на противпожарната бригада на град Скопје Благоја Менковски е разрешен од градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

За Актуелно Менковски го потврди неговото разрешување, но не сакаше да коментира ниту за причините, ниту дали го очекувал ова. Тој само рече дека совесно ја извршувал својата работа и функција речиси 40 години. Досега, речиси 17 години како Командир сум одговорил на сите предизвици и немало забелешки за мојата работа, ни изјави разрешениот Менковски.

На негово место веднаш е именуван Ѕвонко Томески. Од град Скопје и градоначалникот Трајановски нема никаква информација за смената на првиот човек во Противпожарната бригада на град Скопје.