По 4 години пронајден убиецот на сопственикот на менувачницата ,,Золид Трејд“ во Драчево

Оовното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинителен акт против лицето И.И. за сторено кривично дело – Разбојништво од чл. 237 ст.5 во врска со ст.4 и ст.1, како и во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Обвинителниот акт содржи и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

Настанот за кој се товари лицето се случил на 25.02.2013 година пред менувачницата „Золид Трејд“ во населбата Драчево – Скопје. Имено, според обвинението, обвинетиот И.И. заедно со лицето С.С., со употреба на огнено оружје одзеле туѓи подвижни предмети (пари во сопственост на менувачницата) и со умисла го лишиле од живот сега починатиот З.С.

За истиот настан, за С.С. веќе е изречена првостепена пресуда со која тој е осуден на казна затвор во траење од 20 години. Предметот е во жалбена постапка пред Апелациониот суд во Скопје. Сега обвинетиот И.И. извесно време беше недостапен на органите на прогонот.

55 годишниот Зоран Сачевски сопственик на менувачницата „Золит Трејд“ беше убиен во февруари 2013 година, по претходен план на двајцата сторители.
Убиениот бил застрелан со огнено оружје во пределот на десната слепоочница, а мртвото тело го пронашол неговиот 26 годишен син.
Иако тој бил пренесен во поликлиниката во Драчево, сепак им подлегнал на повредите, а лекарите само констатирале смрт.
По извршениот увид на лице место полицијата пронашла една чаура од огнено оружје, а по наредба од Истражен судија телото беше предадено за обдукција.

„Имено, откако И.И. и С.С. се сретнале во кафе барот ’Танкештеле’ лоциран во селото Сарај-Скопје, го изнајмиле ПМВ марка ’Опел Омега’ (диво такси) и се упатиле кон населбата Драчево, каде по пристигнувањето на влезот од населбата, се симнале од наведеното ПМВ и се упатиле кон менувачницата ’Золит Трејд’. По ова, И.И. маскиран со црна женска чорапа, со огнено оружје пиштол испукал еден куршум во пределот на главата на сопственикот на менувачницата, кој починал на местото на настанот. С.С. ја одзел чантата со пари од починатиот и се упатил кон предходно договореното место со возачот на такси возилото со кое дошол, по што се упатиле кон селото Сарај, додека пак И.И. избегал од местото на настанот во непознат правец“, информираа тогаш од МВР.

Како што известија тогаш од МВР, по пристигнувањето во Сарај, второпријавениот заедно со такси се упатил во чајџилница која се наоѓала во непосредна близина на куќата на И.И. По извесно време, со такси се вратил и И.И., а на таксистот му дале околу 40.000 денари и 400 евра, притоа велејќи му дека тоа се пари од човекот од Драчево што им должел, а останатиот дел од парите го поделиле меѓусебно.

Сторителот на убиството досега беше во бегство.