За првпат од 1979 година, од Исламската револуција, жените во Иран вчера беа примени на стадион да гледаат фудбалски меч заедно со мажите, објави „Ал Ахрам“.

Тие заедно со мажите на огромен екран на стадионот „Азади” во главниот град Техеран, го гледаа натпреварот од групната фаза на Светското првенство во Русија помеѓу Иран и Шпанија (0:1). Вкупно беа продадени околу 10 илјади билети.

 Првично беше планирано да се дозволи присуство на жените во  првото коло кога иранската репрезентација играше со Мароко (1:0), но неколку часа пред натпреварот одлуката беше сменета  и натпреварот беше прикажан само во кино салите. Но, по масовните прослави по победата на националниот тим против Мароко, ги натераа властите сепак да ја сменат одлуката и да дозволат влез на жените за средбата со Шпанија.