По 560 евра месечно за невработените во Финска

Со почетокот на годината во Финска стартуваше експерименталниот период на новата социјална програма со која е предвидено на невработените да им се дава минимална плата во износ од 560 евра, наместо класичната социјална помош.

Финска е првата земја во Европа што почнала да го применува овој нов начин на мотивирање за вработување на помалку платени работни места, бидејќи минималната плата ќе ја добиваат само доколку прифатат одредено вработување, па дури   и помалку платено.   Невработените во оваа земја вообичаено ги одбиваат овие понуди, бидејќи посигурно и поисплатливо им е да седат дома и да ја добиваат солидната социјална помош.

Експерименталниот период ќе трае две години, а за него се избрани 2000 граѓани по случаен избор, кои се пријавени во Заводот за вработување.

Финска смета дека на овој начин ќе ја намали бирократијата и сиромаштијата, а ќе го зголеми вработувањето.

Експериментот треба да покаже и дали откако ќе се вработат и ќе ги добијат гарантираните 560 евра месечно, вработените на новите работни места ќе станат мрзливи или мотивирани работници.

Стапката на невработеност во Финска која има 5,5 милиони жители е 8,1 насто .

Инаку просечната плата во Финска е 3500 евра.