По 6 месечна пауза во Србија почнуваат со работа театрите и кината

Од први септември глумците влегуваат повторно во театрите. По 6 месечна пауза и неработење поради корона вирусот, тие се враќаат на сцената и почнуваат со проби.

Публиката ќе се врати кон средината на септември.

Од денеска се чистат и дезинфицираат театрите и кино салите.

По препорака на кризниот штаб, кој смета дека епидемиолошката состојба е стабилизирана, во овие културни институции ќе почне работата со препорачаните мерки и неопходна физичка дистанца меѓу публиката.

Глумците се возбудени, велат се чувствуваме како мали деца, но останува неизвесноста како сѐ ќе помине и дали ќе се почитуваат препорачаните мерки.

Тие на сцената ќе играат без медицински маски, но останува проценката на режисерот кој може да побара да се носат и за време на претставата.

Останатиот дел од вработените зад сцената, како и публиката задолжително ќе носат маски.