Правен факултет се простува со Павле Костоски кој магистрираше лани во ноември

Павле Косотоски е еден од загинатите во автобуската несреќа што се случи вчера. Тој беше студент на Правниот факултет во Скопје.

,, Со голем тага ја примивме веста за трагичната смрт на нашиот колега Павле Костоски, чиј живот прерано згасна во трагичната автобуска несреќа. 
Павле Костоски магистираше во ноември 2018 на насоката Граѓанско материјално и граѓанско процесно право, беше активен учесник во Правната клиника за ранливи групи и беше вклучен во различни студентски активности. 
Ќе го паметиме по неговата амбициозност и посветеност.

Вработените и студентите на Факултетот сочувствуваат со болката на семејството и пријателите на Павле. 

Вечна му слава! “-објави Правен факултет