Од утрината трае надмудрувањето меѓу одбраната на Зоран Заев и судијката што го води судскиот процес ,,Поткуп”, во кој Заев е обвинет за изнудување и примање поткуп како градоначалник на Струмица.
На почетокот, одбраната побара изземање на обвинителот Владимир Милошевски, кој го застапува случајот, бидејќи му е истечен мандатот на 30 ноември минатата година .
Одбраната ја достави одлуката на Советот, според која Милошевски бил времено распореден во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција на 1 јуни 2016 година до 30 ноември, кога му истекол мандатот.
По ова, дојде нов обвинител како негова замена, но одбраната на лидерот на СДСМ, побара изземање и на обвинителот Златко Биковски, бидејќи, како што тврди одбраната, тој е дел, од „злосторничко здружение кое монтирало политички процес против лидерот на опозицијата, а исто така бил обвинител и во случајот „Пуч“.
Адвокатите побараа рок од три дена за да го комплетираат барањето, но судијката Дијана Груевска – Илиевска даде само два часа во која надлежен обвинител од Обвинителството за организиран криминал и корупција треба да се изјасни за барањето на одбраната.о однос на барањето.
АКО.мк,фото-СДК