Пратеникот Максим Димитриевски поднесе кривична пријава против напаѓачите на семејната веселба

Партеникот на СДСМ од Куманово Максим Димитриевски на својот ФБ профил извести дека поднел кривична пријава против оние што го нападнаа на неговата семејна веселба во еден ресторан .

,,ВО МАКЕДОНИЈА ПРАВДА МОРА ДА ИМА!
Тринаесетти ден, СВР Куманово молчи, прикрива и монтира, МВР со партиски нарачани информации депласира, Вмро ДПМНЕ лажно дезинформира и манипулира, како по обичај извинување и одговорност се уште нема.
Дежаву, режимот по терк се справува со неистомислениците.
– Денеска поднесов кривична пријава за насилство и докази против сторителите, Јавното Обвинителство е на потег, барам непристрасна и објективна постапка. Ќе следат и други правни дејствија против сите што ја компромитираа постапката.
МВР мора да го вратиме на професионалците, заедно ќе го исчистиме од партиско-аматерските структури, ќе го возобновиме системот и државата конечно ќе им ја вратиме на граѓаните“-пишува Димитриевски.