Пратеникот Мухамед Зекири го осуди чинот на симнување на македонско знаме во Куманово

,,Како пратеник од ИЕ 2 каде фигурира и Куманово, сакам да им се обратам на сите граѓани и да кажам дека ова што се случи денеска во овој град е срамен чин кој му служи само на режимот на Груевски и никому друг“-пишува на својот ФБ профил Мухамед Зекири, пратеник од СДСМ по веста дека неколкумина го симнале од јарболот македонското знаме во центаротт на Куманово и го кренале албанското знаме.
,,Ги повикувам сите граѓани од овој град без разлика на нивната етничка припадност за смиреност и да покажеме дека најважно за сите нас е добросостојбата и соживотот во  Македонија. Тоа е најдобриот одговор кој ќе им го дадеме на хушкачите кои се обидуваат да ги спасат криминалците. Криминалците на чело со Груевски ќе одговараат, не дозволувајте да станете дел од било какво сценарио и обид за спасување на криминалците“-се вели во реакцијата на Зекири.