Пратеникот Стевананџија 436.469 гласачи за СДСМ ги ,,федерализира” во Албанија

 

,,МАКЕДОНИЈА 51 : АЛБАНИЈА 49. Македонецот сам против сите!!!! НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ БИДИ ГОРД!! Радувај се!!!!” – Ова е ФБ статусот на Димитар Стевананџија од Прилеп кој треба да биде пратеник и во  овој пратенички состав.

stevanandx

На најпровокативен, непримерен, навредлив и опасен начин тој ја прославува победата на неговата ВМРО ДПМНЕ од два пратеника разлика, сместувајќи 436.469 гласачи од цела Македонија во Албанија.

Ова е само еден пример од крајно примитивниот начин на прославување на тесната победа на ВМРО ДПМНЕ, откако синоќа ДИК на прес конференција ги објави освоените мандати. Не бираат средства и начин да го навредат политичкиот противник , но што е уште пострашно, граѓаните кои гласале за друга политичка опција.

Димитар Стевананџија и минатите пратенички состави беше дел од Парламентот.

Интересно е да се види што пишува за него Жарко Стевановски, адвокат од Прилеп.

Во текст објавен на порталот Публикум , Стевановски пишува:

,,- Ретко кој знае дека пратеникот Димитар Стевананџија до 2002-2003 година се презиваше Стеваноски, како што впрочем и денес се презиваат неговите родители. Не е познат мотивот поради кој Димитар Стеваноски го променил сопственото презиме, иако најлогичен е оној кој има врска со егото и со враќањето на статусот „анџија“.

Овој „заколнат“ патриот денес е познат по своите „патриотски“ настапи и жестоката реторика на собраниската говорница и социјалните мрежи, од каде шири говор на омраза, а граѓаните ги дели  на патриоти и предавници т.е „кодоши“ како што тој милува да ги нарекува. Во исто време својата политичка кариера Стевананџија ја има градено во сосема поинаква насока од неговата наводна декларираност на заколнат „патриот“.

Да се потсетиме: со неговиот глас „ЗА“, беше донесен Законот за амнестија на „Хашките случаи“, со неговиот глас „ЗА“ командантот на УЧК Талат Џафери беше избран за министер за одбрана. Истовремено од функцијата на пратеник Стевананџија ги надополнуваше и материјалните вредности преку наплатата на високите патни трошоци на релација Прилеп-Скопје. Само во периодот 2012-2015 година по таа основа од Собранието на РМ му се исплатени околу 60.000 евра, иако во Скопје во негова сопственост има стан како и друг имот кој и денес го нема пријавено до Антикорупциската комисија.

stevanandzija-trosoci

Од сите оние снимени разговори слушнавме дека во ВМРО-ДПМНЕ предност им се дава на најсуровите партиски извршители кои беспоговорно ги извршуваат наредбите и целите на лидерот. Во тој контекст останува да го обелодениме примерот на Стевананџија, како во далечната 2002 година преку методот „Поплукај ги за да те забележат пред да им се придружиш“, овој пратеник бил жесток противник на ВМРО-ДПМНЕ.

pismo-vo-vest

Како што самите можете да прочитате од писмото кое Стевананџија, тогаш се уште Стеваноски, го испратил до весникот „Вест“, тој реагира на начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ги менаџира состојбите во прилепското образование.

Само неколку месеци после објавувањето на писмото, тој станува член на ДПМНЕ и веднаш се вклопува во нивниот систем на функционирање. За брзо време се вработува како професор по Македонски јазик во прилепската Гимназија, а ја вработи и неговата сопруга Јулија Стевананџија како д-р по стоматологија во „Здравствен дом“- Прилеп,,-пишува овој адвокат од Прилеп.

На следното видео се гледа како пратеникот Димитар Стевананџија спие за време на комисиска расправа:

 

 

АКО.мк-актуелно-објективно