Лордот Бејтс, член на Горниот дом, т.н. Дом на лордови, во Парламентот на Велика Британија, поднел оставка затоа што задоцнил на седницата на која требало да одговара на прашања.

Тој влегол пред крајот на получасовната седница на која требало да одговори на некои прашања и објавил дека ќе поднесе оставка.

Засрамен, пред своите колеги, изјавил дека чувствува неверојатен срам затоа што не дошол на време да одговори на поставените прашања:

,,Секогаш верував дека наша работа е да се држиме до највисоките можни стандарди на пристојност и почитување кога одговараме во името на Владата на поставените прашања од Парламентот. Се срамам што не бев на своето работно место и затоа ќе поднесам оставка, која стапува веднаш во сила„-изјави Бејтс.

 

 

Потоа, лорд Бејтс излезе од салата, иако неговите колеги гласно негодуваа со ,,НЕ“ и го повикуваа да остане.

Премиерката Тереза Меј, одби да ја прифати неговата оставка.

 

АКО.мк, светски медиуми