Пратениците на СДСМ пристигнаа на Бихаќка како вратени од фронт

Членовите и симпатизерите на СДСМ со овации го пречекаа лидерот на партијата Зоран Заев  и останатите пратениците кои вечерва беа брутално нападнати и претепани од поддржувачите на Груевски и на ВМРО ДПМНЕ.

Фотографиите се на порталот Бриф:

Бриф.мк/Илин Николовски

Бриф.мк/Илин Николовски

Бриф.мк/Илин Николовски

Бриф.мк/Илин Николовски

Бриф.мк/Илин Николовски

Бриф.мк/Илин Николовски

Бриф.мк/Илин Николовски

Бриф.мк/Илин Николовски

Бриф.мк/Илин Николовски

Бриф.мк/Илин Николовски

Бриф.мк/Илин Николовски,,Во моментите на еден од најголемите предизвици во историјата на Македонија, на крваво насилство поттикнато и креирано од режимот во распад на Никола Груевски, СДСМ повикува на максимална воздржаност и присебност од секој граѓанин, независно од каква било различност.

Повикуваме да останете смирени, истрајни и никој да не подлегнува на насилните сценарија и провокации за нереди на Никола Груевски и тесната криминална група околу него.

Потребно е секој да биде на ниво на својата одговорност и да придонесе кон смирување на тензиите, затоа што само така ќе се овозможи пат и натамошен развој на демократијата во Македонија којашто е врвен државен интерес.

Денес во Република Македонија е направен огромен исчекор напред во демократските процеси. Избран е нов претседател на Собранието, а во периодот што престои процесите ќе продолжат со конечно реализирање на мнозинската волја на граѓаните.

Сите оние кои денеска вршеа насилство врз легитимните претставници на граѓаните во Парламентот и врз Законодавниот дом, ќе се соочат со лична кривична одговорност.“-соопштение на СДСМ.