Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, уште во мај , на својот ФБ профил ги издвои овие пратеници од ВМРО ДПМНЕ,
кои го директно го овозможија насилството врз тогашните опозиционери.

Крсто Мукоски, ја отвори вратата на парламентарниот дом, Сашо Василевски ги отстрани металните заштитни прачки,Јохан Тарчуловски и Љубен Арнаудов ги насочуваа каде да одат, Жаклина Пешевска, се прегрнуваше со влезените демонстранти и исто така ги насочуваше каде да одат. На безбедносните снимки се гледаат и Илија Димовски и Љупчо Димовски од Социјалистичка партија.

Трајко Велјановски-како тогашен претседател на Собрание не издаде наредба на собраниското обезбедување да го спречи влегувањето на демонстрантите.