Пратениците ја разрешија Катица Јанева од функцијата Специјален јавен обвинител

Со 102 гласа ЗА и ниту еден против, по куса расправа беше разрешена Специјаланата јавна обвинителка, Катица Јанева, која се наоѓа во притвор.

Таа е под истрага за сомнеж за нејзина инволвираност во случајот ,,Рекет“.

Јанева е разрешена за несовесно и нестручно работење.

Разрешувањето се случи само еден ден пред нејзиното завршување на мандатот.