Пратеници од СДСМ ја напуштија седницата во Собрание

Откако СДСМ се откажаа од репликите на осмото продолжение на собраниската седницата,  дел од пратениците ја напуштија собраниската сала. Во неа останаа пратениците Зоран Заев, Оливер Спасовски, Александар Кирацовски , Фросина Ременски кои ќе бидат заменети потоа од други пратеници само колку да се контролира текот на дебата. Другите остануваат во собраниската зграда, но не и во салата. Претходно пратеникот Александар Кирацовски побара од претседавачот со седницата Трајко Вељаноски да ја напушти спикерската фотелја и да престане да го узурпира местото и да го крши деловникот.

Фото:МИА