Пратеничката Ременски бара итни мерки против загаденоста и предвремен распуст за децата

,,Познавам многу родители чиишто деца страдаат од опструктивен бронхитис, асма и други заболувања на дишните патишта. Моите деца веќе го чувствуваат недостатокот на кислород во Скопје и екстремно загадениот воздух.

Ако Скопје е со најзагаден возух во светот и ако сите констатираме дека процесот на намалување на загаденоста оди бавно и тешко, и ако смогот дополнително ја засилува загаденоста, тогаш да се преземат итни мерки барем за децата.

Секое училиште и градинка со помош на локалната самоуправа и министерствата да набават прочистувачи на воздух или пак, нека прогласат предвремен распуст, па секој родител нека се погрижи за здравјето на своето дете.

Оваа екстремна загаденост на надлежните им дава потполно законско право да воведат вонредни мерки за заштита и примарно забрана за движење на моторни возила.
Мора да се направи нешто, предоцна е …

П.С Кога ќе го погледнете “пејзажот” на зградите од Скопје 2014 во магла и смог, присетете се дека гасификацијата на цела РМ чини 1/3 помалку од зградетините, или 500.000.000 евра, наспроти доспеаните 860.000.000 евра за бетонот и бронзата.
Здравје (!?)
Македонија вечна !“-реагира пратеничката на СДСМ Фросина Ременски на својот ФБ профил.