Пратеничката Стефоска: Од кого пратенику Вељановски ја браните Македонија(видео)

Историчарката Ирена Стефоска  пратеник од петтата изборна единица на листата на СДСМ денеска му се обрати од собраниската говорница директно на председавачот, инаку пратеник Трајко Вељановски.

Таа беше кандидирана на листата на опозицијата како претставник на граѓанскиот сектор. Беше и е мошне активна во  граѓанскиот сектор, кој покажа дека работите во општеството можат да се променат. Пред да стане пратеник, работеше во Институтот за национална историја, во Одделението за античка и средновековна историја, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.