Првата дама во Белата куќа- скромно девојче од Севница

Американците ја добија својата прва First lady натурализирана американка која како 17 годишно девојче од родната Севница во Словенија тргнала во белиот свет по слава и пари.

Жителите на ова мало гратче во некогашната Југословенска република Словенија, велат дека Меланија одраснала во скромно семејство од татко кој продавал авто-делови и мајка шнајдерка во локалната фабрика за детска облека.
Како седумнаесетгодишна средношколка почнала да се интересира за манекнството кога се направени и првите црно бели фотографии.

 

Кога видов за кого се омажила, забележав голема сличност меѓу Трамп и нејзиниот татко, зборува пријателка на Меланија од Севница за медиумите.

Сега и родното место на Меланија , ја слави победата на Доналд Трамп.

Локални жители до рано наутро во едно кафуле седеле и ги чекале резултатите , а на крај задоволни си отишле дома.

 

Пред кафулето е истакнато и американско знаме.

Како што пренесува ХИНА, Доналд Трамп досега бил само еднаш во родното место на Меланија кога се венчале и останал само еден ден.

Родителите на Меланија се уште живеат во Севница , во семејна куќа со мало дворче.

Но, многу време поминуваат во САД каде покрај Меланија, живее и втората ќерка Инес.

Пред да замине за Америка ,сега Првата дама во Белата куќа, остварила некаква манекенска кариера во Словенија , а победила и на избор за Мис во 1992 година.

 

Меланија Трамп никогаш не се вратила во родната Севница, но во 2006 година донирала амбулантно возила со што го одбележала раѓањето на нејзиниот син, една година отакако се венчала со Доналд.

Таа беше интересна за медиумите и во текот на кампањата, заради манекенската кариера, плагијатот на говорот на Мишел Обама, но и разголените фотографии од фотомоделската кариера.

Таа е првата неамериканка која ќе влезе во Белата куќа уште од 1825 година . Тогаш Прва дама била Луиз Адамс сопруга на еден од американските претседатели.