Прва државничка средба на Трамп со Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј е првиот странски државник кој е пречекан во Белата куќа од претседателот Доналд Трамп. Трамп на заедничката прес конференција рече дека Америка и Велика Британија од секогаш имале силни врски.

FOTO: ReuterТрамп рече дека неговите искуства како бизнисмен со Европа не биле сјајни, но со В. Британија тој секогаш имал добра соработка.

Токму заради тоа, според Трамп, излегувањето на Британија од ЕУ е фантастична работа за британците.