Прва жртва од ураганот Метју на Флорида

Во Америка денес е забележана првата жртва од ураганот Метју, кој го погоди брегот на Флорида и предизвика смрт на жена на возраст меѓу 50 и 60 години, соопштија локалните власти.

На жената и се влошила здравствената состојба во нејзината куќа во областа Сент Луси, во централниот дел на Флорида, а поради силниот ветар Итната помош не успеала до неа да стигне на време, изјавила за агенцијата АФП портпаролот на локалната пожарникарска служба, Кетрин Чејни.

Силниот ураган Метју оваа недела ги зафати Карибите, каде на Хаити загинаа најмалку 400, а во Доминиканската република четири лица.

Ураганот денес, исто така, ги зафатил терените на НАСА за лансирање ракети, на Кејт Канаверал, после што снемало струја, а бил оштетен и покривот на зградата, соопштија од НАСА.