Првиот директор на МИА Зоран Иванов е именуван за претседател на надзорниот одбор на агенцијата

Државната новинска агенција МИА доби нови управни органи. Претседател на Надзорниот одбор е Зоран Иванов, кој беше првиот директор на агенцијата од 1998, кога беше формирана, па се до 2007 година.

Надзорниот одбор на МИА е именуван со Одлука на Владата на Република Македонија, во следниот состав, покрај Иванов, членови се и Александра Мицоска-Митевска, Лилјана Капевска, Ремзије Биљали, независен член и Татјана Поповска, независен член.

Управниот одбор го сочинуваат:

Драган Антоновски, Претседател на Управен одбор  и генерален директор

Габриела Точко, член на Управен одбор задолжена за генералниот сервис на вести

Шерибан Клокочи, член на Управен одбор задолжена за сервисите на други јазици

Сања Андреевска, член на Управен одбор задолжена за техника и технологија

Марјанчо Танушевски, член на Управен одбор задолжен за финансиски и правни работи

Драган Антоновски пред две седмици беше именуван за Генерален директор на МИА на седница на Влада.