Први на удар Обамакер и ЛГБТ заедницата

Американскиот претседател Доналд Трамп само неколку часови по преземањето на должноста, потпиша извршна наредба со која се прават значајни измени во популарниот Обамакер, Закон за здравствена заштита со кој беа опфатени милиони доселеници и невработени.

Во наредбата од Трамп се бара од надлежните агенции да ги изменат и ублажат регулаторните одредби врзани за медицинските програми од законот на неговиот претходник. Истовремено, американскиот Конгрес започна расправа како да се укине целосно тој закон.

Трамп исто така прогласи и нов празник Национален ден на патриотизмот. Но, шефот на администрацијата на Белата куќа Рајнс Прибус испрати допис до сите федерални агенции да ја замрзнат целата нова регулатива за да имаат време сите надлежни служби да ја разгледаат.

Една од првите работи што ја направи Доналд Трамп и отстранувањето на специјалната страница за ЛГБТ заедницата од официјалниот сајт на Белата куќа, а на нејзино место ја постави рубриката за негови активности и можноста посетителите директно да ги добиваат овие информации.

Неговата администрација веднаш објави дека Америка ќе развива ракетен систем за одбрана од Северна Кореја и Иран.

Големо ввнимание во американската јавност предизвика одлуката на новиот претседател да го измени изгледот на популарната Овална соба во Белата куќа.

Трамп ја врати бистата на Винстон Черчил која претходно Обама ја пренесе во неговата приватна резиденција.

Она што е невообичаено за американската политика е што на потпишувањето на државните наредби и прогласи присуствуваше целото семејство Трамп.