Македонски спасувачки екипи пристигнаа во настраданите подрачја во Албанија, зафатени со разорниот земјотрес.

Градоначалникот Петре Шилегов ги објави првите слики направени од нашите пожарникари.

Македонските пожарникари помагаат во справување со елементарната непогода во Драч

,,Екипите на Скопската противпожарна бригада. Сликите од Драч се стравични “-објави Шилегов.

Од Македонија за Албанија заминаа бројни спасувачки екипи, пожарникари, медицински тимови, кучиња трагачи, Црвен Крст..

Тим за пребарување и спасување од урнатини составен од 35 припадници на силите за заштита и спасување со комплетна опрема работи на теренот и ги пребарува урнатини.

Се собираат донации во Македонија, а отворени се телефонски линии за донации.

Владата донесе одлука за упатување на парична и материјална помош.

Албанија, односно реонот околу Драч рано утрината беа зафатени од разорен земјотрес од 6,6 степени.

Досега е потврдено дека животот го изгубиле 21 лице, над 600 се повредени.

Владата на Р Албанија утрешниот ден го прогласи за Ден на националната жалост.

АКО.мк