Првообвинетиот во случајот ,,Дива населба“ тврди дека колеги ги убиле полицајците

 

 Првообвинетиот во судскиот процес за настаните во ,,Дива наслеба“ Сами Ушкини наречен Командант Соколи на денешното рочиште тврдеше дека осумината полицајци кои загинаа биле убиени од свои колеги-специјалци.Тој своето тврдење го темели на фактот дека иако тој и неговите соучесници во инцидентот сакале да се предадат и преговарале за тоа со посредство на ОБСЕ, раководството на МВР не се  согласило, а потоа во полицајците на терен пукале нивни колеги со тешко вооружување. Тој најави дека на идните рочишта ќе ги каже имињата на сите инволвирани во убиството на полицајците.
Адвокатите порачаа дека  треба да бидат испрашани сите 37 обвинети, а потоа ќе се повикуваат сите кои ќе бидат споменати од обвинетите.
„Во нив е пукано од нивните колеги-полицајци со тешко оружје. Можам да кажам дека предводници на групата која беше во Диво Насеље беа Бег Ризај и Мирсад Ндрцај. Јас во населбата дојдов на трети мај на повик од мојот пријател Џафер Зумбери. Ги молев Мирсад и Бег да си заминат од населбата, но тие одбија. “-рече првообвинетиот Соколи.
Судскиот процес за Дива населба се одвива интензивно во изминатите недели, а при секое рочиште има засилено обезбедување на судот.