Првото бебе годинава во скопската ЗОО ќе се вика Атиџе доколку е женско

За вработените во скопската Зоолошка градина денеска е дупла среќа. Номинациите за Оскар на филмот ,,Медена земја“ ги прославија со првата принова годинава.

,,Навистина убав ден- Honeyland на Оскари, а во Зоо Скопје се роди првото бебе годинава. Мајката патас и бебето се добри, а ние сме пресреќни и за нив и за Оскарите ❤️😁
п.с Ако е женско, ќе си го крстиме Атиџе- по добрата душа и главна протагонистка во филмот, која ја сака природата и се грижи за сите живи суштества“-напишаа на Фб страницата.