Прво видео од пребарувањето на Црно море по остатоците од воениот авион

Руското Министерство за одбрана соопшти дека според најновите податоци во авионот ТУПОЉЕВ 154 кој утрината  се урна во Црно море веднаш по полетувањето имало 93 патници, од кои 84 се екипата која одеше да ги развесели руските војници за новогодишните празници во база во Сирија. Нема преживеани.

Во водите на Црно море   се упатени 4 брода, пет хеликоптери и дронови, а досега се пронајдени  4 тела. Покрај едно од нив се пронајдени документи дека припаѓаат на новинар од Канал 1.

 

Меѓу 84-цата патници имало руски војници, а 65 биле членови на Ансамблот Александров, официјалната музичка група на армијата, меѓународно позната како Хорот на Црвената армија, кои требало да учествуваат во новогодишната прослава во базата. Во авионот беа и осум членови на екипажот, соопшти Министерството за одбрана.

Ова првото видео од пребарувањето на областа каде се урнал авионот, а во далечина се гледаат воените бродови.

 

Меѓу 84-цата патници имало руски војници, а 65 биле членови на ансамблот Александров, официјалната музичка група на армијата, меѓународно позната како Хор на Црвената армија.