За првпат во историјата на српското воздухопловство, денеска од аеродромот ,,Никола Тесла“ во Белград за Париз полета авион со комлетно женска посада, пишува РТС.

Во кокпитот зад командите на авионот седнаа капетан Весна Алексиќ и копилотот Мирјана Стојиљковиќ, а во кабинската посада се Мирјана Поповиќ, Силвија Мадиќ, Тања Станковиќ и Елена Љубојевиќ.

Алексиќ како капетан лета од 2014 година, но ова е првпат до неа да има копилот жена.

Капетанот на авионот е задоволна што испишуваат историја на српското воздухопловсто.
Таа за РТС зборува дека во прво време кога се им се обраќала на патниците во авионот и кога ќе слушнат женски глас, реагирале необично, но сега веќе се знае за неа и има се помалку реакции.
Извор:РТС