Прв настап на рускиот хор ,,Александров“ по големата трагедија

 

Славниот Ансамбл на руската армија ,,Алеклсандров“ првпат настапи во јавност со голем концерт откако се случи авионската несреќа во Црно Море минатата година во декември во која загинаа голем дел од членовите на популарниот хор.

Сега, ансамблот и хорот се обновени со нови членови и нивниот настап се следеше со голем интерес и возбуда во Русија, јавува Раша тудеј.

Спутник пак, јавува дека во публиката седеле и роднини и пријатели на настраданите хористи и музичари.

</p>

Во падот на авионот на руското министерство за одбрана, блиску до Сочи во Црното Море загинаа 92 лица од кои 64 членови на ансамблот ,,Александров“.
Извор:РТ