Прв случај на КОВИД 19 во Турција, само Црна Гора и Косово немаат заразени од корона вирус

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коца, доцна синоќа на прес конференција објави дека е регистриран првиот случај на заболен од корона вирус во оваа земја.

Се работи за маж, а неговото семејство е во изолација и е ставено на повеќедневно набљудување.

Тој се вратил во Турција од некоја европска земја, соопшти министерот Коца.

Само во Црна Гора и Косово досега нема пријавено заболени од овој заразен вирус.

Сите останати земји во Европа имаат заболени од КОВИД 19.

Фото:АА, министерот Фахретин Коца