Пребројувањето на гласовите оди на штета на Трамп

Повторното пребројување на гласови во некои региони на барање на актуелниот американски претседател оди на негова штета, објави Ројтерс.

По завршеното пребројување во еден округ во Винкосин, Доналд Трамп доби 132 гласа помалку од Џо Бајден, па сега предноста на идниот претседател дополнително се зголеми.

Кампањата на Трамп бараше пребројување уште во еден округ, инаку традиционално упориште на демократите.

Овие две операции републиканците ќе ги чинат дополнителни три милиони евра.

Трамп најави дека ќе ја напушти Белата куќа ако електорите ја потврдат победата на Бајден.