Преводот на албански на 35.569 амандмани за Законот за јазици ја одложи расправата

Претседателот на Собрание Талат Џафери  ја одложи точката за расправа по Законот за употреба на јазиците, затоа што  не се исполнети технички услови .

„Имајќи ја предвид формалната процедура за обработка на сите амандмани кои се 35.569 на број, тоа значи дека тие не се довршени. Исто така постои и  деловната обврска за превод, која  не е исполнета“ – рече Џафери и ѝ наложи на собраниската служба да го информира кога ќе има услови да се расправа по ова точка.

На седницата немаше кворум за гласање по 45-те точки на дневниот ред, на кои се и составите на собраниски органи, тела, комисии, делегации, совети и комитети, но и измените на законот за патните трошоци на пратениците.

Оваа седница е закажана за утре во 11 часот.