Прегазен полицаец на ,,Првомајска“ во обид да стопира возач кој возел пребрзо

Порталот а1он објави дека изминатата ноќ околу еден часот е тешко повреден полициски службеник кој се обидел да стопира возач кој возел пребрзо.

Наместо да застане, возачот го удрил полицаецот со возилото и избегал.

а1он се повикува на очевидци, но сѐ уште нема официјална потврда од МВР.

/a1on.mk