Прегладнет, дехидриран и измачен коњ оставен да умре во маки на кеј

Граѓани објавија потресни фотографии од мртов коњ, оставен до патеката на кеј кај мостот од Железничка кон саем, каде има диви ромски населби.

И покрај апелите на социјалните мрежи до здруженијата за заштита на животни или некој нешто да стори и да му помогне на кутрото животно кое е забележано синоќа околу 20 часот, тоа подоцна починало без капка вода.

Загрижува фактот што најверојатно никој од случајните минувачи не му ставил водичка во устата, што можеби ќе го одржеше во живот напатеното животно.

Ромите кои се населени диво по должината на двете страни на реката Вардар, секојдневно на пеколните температури во очајна состојба ги приморуваат коњите да ги влечат приколките преполни со секундарни суровини, а потоа ги оставаат да пасат наоколу без капка вода.

Ова не е прв случај коњ или кобила да почине од изнемоштеност и прегладнетост.

Надлежните институции ниту им помагаат на животните, ниту на луѓето кои живеат во очајни услови опкружени со ѓубре, фекалии , ниту пак го спречуваат нивното крајно неприфатливо однесување во околината кадешто се диво населени и им прават проблеми на жителите од околните населби.