Предизборна вегетаријанска мусака со Сиљановска Давкова

Се чини дека предизборната вегетаријанска мусака што за своите поддржувачи ја зготви во Матка носителката на листата за ИЕ 1 на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, за некои од нив не беше доволна.

,,Во прекрасен амбиент меѓу недопрената природа на околината на Матка, под планина, а покрај шумот на реката Треска, зготвивме многу вкусна мусака со тиквички и сирење.

Македонската трпеза е многу богата со мириси и вкусови, а како нема да е кога нашата плодна почва изобилува со највкусниот зеленчук. Можеби затоа сум и вегетаријанка.

Преубаво попладне.

Заокружете број 14 за заштита на нашите убавини“-порача таа и го сподели својот рецепт со корисниците на социјалните мрежи.

Но, покрај многумината кои ја пофалија, имаше и такви на кои не им е до мусака.

За мусака не гласам, жена ми прави поубава,вели еден од тие што коментираат.

Гордана Силјановска Давкова во текот на целата кампања се обидуваше да ги мотивира гласачите со неконвенционален пристап.

Играше, вежбаше, готвеше…