Предизборна коалиција на Острени, Села и Мемеди

Три партии на албанците во Македонија Унитети, Движење за реформи во ДПА и Национална демократска преродба, влегоа во предизборна коалиција.

Ова го објавија нивните лидери Гзим Острени, Зијадин Села и Весел Мемеди, кои потпишаа договор со кој се обврзуваат дека на претстојните предвремени парламентарни избори на 11 декември, ќе настапат со заедничка изборна листа. Тие се согласиле и за зедничка платформа, со која ќе бараат една од двете клучни функции во државата, претседател или премиер, да му припадне на албанец.