Предизборни средби на европратениците со политичките партии

Делегација на Либерално-демократската партија во состав  Филип Аврамчев и Јасмина Конеска, оствари средба со европратениците Иво Вајгел и Кнут Флекенштајн-информираат од ЛДП. За време на средбата, присутните разговарале на неколку теми, меѓу кои и договорот од Пржино, како и изборите на 11 декември.

На европратениците им биле презентирани програмските приоритети на ЛДП, економијата, екологијата и човековите права. Сериозна заинтересираност од страна на европратеникот Вајгел имало околу економската состојба во државата, но сепак главен акцент на средбата се стави на човековите права, како и на правата на маргинализираните заедници.

На средбата присуствуваше и претседателот на “Субверзивен фронт“, здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста.

Заеднички заклучок од средбата е дека на Македонија и’ е потребно негување на европските вредности, но и погласен пристап, како и законски измени за спречување на говорот на омраза и насилство од било кој вид – етничко, верско, родово, сексуално итн.

Како претставник на сестринската АЛДЕ партија, Иво Вајгел даде поддршка на ЛДП во промоција на европските вредности и на заложбите на партијата за што поскора евроатлантска интеграција на Македонија-соопштуваат од ЛДП.

 

%d0%b0-%d1%82

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети,  во седиштето на Европската Унија во Скопје оствари работна средба со европратениците Иво Вајгел, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн-соопштуваат од ДУИ.

Ахмети и европратениците разговараа за развивањето на предизборната кампања, денот на изборите, владеењето на правото како и за периодот по изборите на 11 декември.

Лидерот на ДУИ говореше за подготвеноста на ДУИ да се придонесе кон одржување сеопфатни, веродостојни и прифатливи избори за сите.

Зборувајќи за постизборниот период,  Ахмети рече дека идниот владин мандат ќе биде многу важен за клучни теми, како што се спорот за името кој овозможува евроатланска интеграција, владеењето на правото и за потребните реформи од страна на меѓународната заедница заедно со еднаквоста и решавањето на албанскиот јазик.

Ахмети ја потврди поддршката за специјалниот обвинител и за завршување на нејзиниот мандат непристрасно и без политички или етнички предрасуди, соопшти ДУИ.