Предраг Петрушевски -Бинго е повторно пријавен за исчезнат

Семејството на Предраг Петрушевски-Бинго, повторно го пријавија дека е исчезнат. Петрушевски е поранешен бранител , претседател на Здружението на бранители од Куманово и последните години член на ВМРО ДПМНЕ. Неговата ќерка го пријави неговото исчезнување во полиција и овјави на ФБ:

,,Татко ми Предраг е изчезнат. Од вчера(08.03) 09:15 часот му се губи секаков траг. Претпоставуваме дека е со автомобилот( пежо 406 сиво, KU 1998 AC).
Телефонот му е дома. Облечен е во црна кожна јакна и фармерки.
Ако некој го види или го има видено нека се јави на 077/516-543 или нека ми пише на профилот“-пишува Кристина Петрушевска.

Предраг Петрушевски беше пријавен дека исчезнал и во 2014 година, но истиот ден беше пронајден жив и здрав во неговата викендичка крај Куманово..