Пред неспособна полиција и локална власт пешачката зона во центарот на Скопје окупирана од автомобили

Навидум едноставен проблем, за нашите функционери и институции е долгогодишна игранка и префрлање на одговорноста од едно место на друго, од една институција во друга.

Ниту локалната власт, ниту полицијата можат или не сакаат да им се спротистават на локални шерифи кои комотно си доаѓаат со своите миленици(автомобилите) и без око да им трепне си ги паркираат до маса во ресторанот каде што заседнале со друштво.

Или по улиците, та дури ја окупираа улица Македонија, Вапцаров и сите кои гравитираат кон плоштадот.

Кеј зд ГТЦ
Улица ,,Н.Ј.Вапцаров“

Лудилото произлезено од незнење и неспособност на надлежните да се справат со овој едноставен проблем, продуцира хаос и башибозук насекаде.

Објаснувањето дека сервисниот приод на кеј мора да е отворен поради вработените во Телеком е апсолутна глупост, бидејќи никаде не пишува дека тие не можат да паркираат за соодветен пристоен надоместок на околните паркиралишта, како што е тоа случај со другите вработени во централното градско подрачје.

Емилија Лазаревска